Успешни приказни


Живковска

овластен претставник на зградата АВНОЈ 86/2, Аеродром

„Со промената на покривната конструкција, изолацијата како и промена на влезната врата и прозорците во влезот и становите во 2015-та година, сфативме дека сме го направиле вистинскиот избор на управител” - вели Роза Живковска, овластен претставник на зградата број 86/2 на булевар АВНОЈ.

За ХАБИДОМ слушнале од соседи и пријатели. Она што ги мотивирало да се одлучат за ова друштво за управување со станбени згради била неможноста да се организираат како станари во извршување на тековните обврски, но најмногу, како што велат, добриот глас од соседи и пријатели кој се покажал како точен.


Тодоровски

овластен претставник на зградата Никола Парапунов бр. 3, Карпош

„Се соочувавме со големи потешкотии околу одржувањето на зградата, решавање на проблемите на станарите, навремено плаќање на обврските и слично. Сепак сме голема зграда со 114 станови. Не е тајна дека најголемите разлики и несогласувања во една зграда се случуваат за заеднички обврски. Откако ХАБИДОМ ги презеде грижите имаме подобри услови за живеење, останавме без редовните главоболки и сите заеднички обврски се завршени на време” – објаснува задоволно Тодоровски.


Захариевски

овластен претставник на зградата Методија Митевски бр. 10/6, Чаир

Слично искуство имаат и станарите на зградата на ул. Методија Митевски бр. 10/6 во населба Чаир. Тие за Хабидом слушнале преку општинските власти.

„За Хабидом се одлучивме кога како иницијатор, носител на идејата за изработка на изолациона фасада, енергетска ефикасност на влезот, еден од условите за реализација на истата, за апликација во Хабидом, беше да имаме Управител кој ќе ни помогне во реализација на истите. Тогашниот Управител не ја исполни обврската што ја имаше, како и прифаќањето на Хабидом да ги извршува нашите потреби како станари, со поефтин паричен надомест за сите услуги“ – вели Љубе Захариевски, овластениот претставник на петкатницата во населба Чаир.


Димитријоски

поранешен овластен претставник на зградата Христо Татарчев бр. 43/1, Кисела Вода

Златко Димитријоски пак, поранешен овластен претставник на зградата на ул. Христо Татарчев бр. 43/1 во населба Кисела Вода вели дека нивното здружение на станари се одлучило за ХАБИДОМ поради високото ниво на транспарентност.

„Имаме целосен увид во сѐ. Од ХАБИДОМ добиваме мала провизија за управување, електронско водење на сметката на зградата со комплетен увид од овластениот претставник и плаќања на фирмите со кои се работи на дефекти во зградата исклучиво преку фактура и евиденција преку трансакциска сметка сопственост на станарите – вели Димитријоски.

Во оваа зграда во населбата Кисела Вода, покрај тоа што е направен сервис на главниот хидрофор, оспособен противпожарниот систем, поставена нова домофонска табла, заменето е и осветлувањето со што е намалена потрошувачката на електрична енергија. „Направена е и комплетна промена на осветлувањето од обично во лед и намалување на потрошувачката и оптоварувањето на електричната инсталација од 3,5 KWh на 0,6 KWh. Морам да спомнам дека ништо од ова не е можно доколку нема човек во зградата којшто ги знае потребите. Управителите сепак се повеќе во канцеларија, а и да се на терен не можат да увидат сѐ затоа што не живеат тука. Клучна е улогата на овластениот претставник на влезот или зградата и координацијата со управителот и фирмите кои треба да работат на отстранување на некои проблеми – заклучува Димитријоски.

Контакт

Никола Парапунов бр.41,
Макотекс, 1 кат, П.ФАХ 407,
Република Македонија

+389 2 3087 239
+389 71 321 493

office@habidom.mk
www.habidom.mk