За ХАБИДОМ

Друштвото за управување со станбени згради ХАБИДОМ ДООЕЛ Скопје е посветенo на остварување на дејноста, односно управување и одржување на станбени објекти на ниво на Република Македонија. На тој начин им овозможуваме на сите Сопственици на посебни станбени единици кои имаат интерес, да имаат директна соработка со нас и да создадеме подобри услови на домување во рамките на колективните станбени згради.

Друштвото е основано во јули 2015 година, со лиценца заведена под број 03-403/3 на 10.09.2015 година, издадена од Регулаторна комисија за домување, и оттогаш се занимава со остварување на дејноста односно соработка со Сопствениците со цел редовно одржување на станбената зграда, застапување во правниот промет и други договорени управувачки услуги, а со цел функционирање, одржување и зачувување на заедничките делови на станбената зграда.

За извршените услуги во областа на управување и одржување на станбените згради, сопствениците се должни да му плаќаат на Управителот вкупен месечен паричен надоместок во износ од 120 ден плус 18% ДДВ.