Хабидом ДООЕЛ Скопје, друштво за управување со станбени згради основано од Хабитат Македонија се стреми кон подобрување на квалитетот на услугите во областа на управување и одржување на станбени згради
Хабидом ДООЕЛ Скопје е сновано во jули 2015 година, со лиценца издадена од Регулаторнaта комисија за домување на Република Македонија само 2 месеци подоцна, друштвото веднаш започна со вршење на управувачки услуги: редовно тековно и инвестиционо одржување на станбени згради.
Во деветгодишното работење на Хабидом склучени се договори за управување со 224 станбени згради на територија на градот Скопје, со 5.445 станбени единици. Управуваните станбени згради се лоцирани во 8 општини на територијата на Скопје: општина Карпош (59 станбени згради), Аеродром (48 станбени згради), Центар (36 станбени згради), Ѓорче Петров (25 станбена зграда), Чаир (19 станбени згради), Кисела Вода (18 станбени згради), Гази Баба (5 станбени здради) и Сопиште (6 станбени згради).
Како друштво за управување, покрај на тековното одржување на станбените згради, Хабидом е фокусиран на подобрување на квалитетот на колективното домување, преку својот сеопфатен иновативен пристап, висока посветеност, постојана директна комуникација и соработка со сопствениците, теренска присутност и постојан увид на проблемите во станбените згради, како и унапредување на капацитетите во насока на имплементација на мерки за енергетска ефикасност. Услугите вклучуваат и поволни можности за плаќање за тековното и инвестиционо одржување во станбените згради. Согласно деловниот план, следна цел на Хабидом е проширување на портфолиото на управувани станбени згради во други општини во Македонија.